Бројот на настрадани во пожарот во болницата Бадим во Рио де Жанеиро нарасна на 10 , соопштија бразилските пожарникари.
Официјални претставници на противпожарната служба изјавија дека пожарот во болницата Бадим е под контрола и потврдија за еден настрадан, пренесоа американските медиуми.
Тие соопштија и дека четворица полицијаци се примени во болница по борбата со огнените јазици во болницата Бадим, кога повеќе од 90 пациенти медицински биле згрижени во други болници, пренесоа американските медиуми.
Властите најавија истрага за причината за пожарот, што го присли персоналот на болницата на брзина да ги евакуира пациентите.
На телевизиските снимки се гледаат лекари и другиот медицински персонал како ги евакуираат пациентите во инвладиски колички додека од зградата на болницата се шири чад.
Сите пациенти се префрлени во други болници.
Причината за пожарот се уште не е утврдена.