Партијата Заедно за Србија (ЗзС) на Небојша Зеленовиќ донела одлука да не учествува на следните избори пролетта 2020 година. „Свесни за одговорноста за иднината на земјата, направивме сè што е во наша моќ да се дојде до создавање услови за слободни и фер избори. Имавме конструктивен и добронамерен пристап и на тркалезните маси на власта и опозицијата на ФПН и во контактите со претставниците на меѓународната заедница, но (српскиот претседател Александар) Вучиќ реши да ја втурне земјата во длабока криза со одржување лажни избори“, соопшти партијата.
Според нив, Александар Вучиќ е целосно одговорен за последиците од таквата одлука. „Сакаме промена на власта на избори, а не на улица, и затоа ќе ги вложиме сите сили во борбата за слободни и фер избори, кои мора да се одржат најмалку девет месеци кога ќе се воспостават услови за такво нешто, вистински избори, а тоа под притисок на граѓаните ќе се случи многу побргу отколку што Вучиќ мисли“, се додава во соопштението.
Партијата ЗзС на градоначалникот на Шабац, Небојша Зеленовиќ, е четвртата партија од Сојузот за Србија (СзС), која официјално објави дека ќе ги бојкотира претстојните избори.