СВР Тетово поднесе кривична пријава против И. И. (38) од с. Теново, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
На 14 јуни годинава на бензинска пумпа во с. Лешок, Тетовско, при вербална расправија со Б. Б., тој се заканувал со пиштол.