СВР Штип поднесе кривична пријава против ДПТУ „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип и А. В. (38) од с. Турско Рудари, Пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност, и против Д. Д. (41) и А. Л. (40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
На 23.8.2017 во Пробиштип, во рудникот „Злетово“, сопственост на првопријавеното правно лице, се откочила шинска натоварна машина, при што му нанела тешки телесни повреди на вработениот С. Д. При контрола било утврдено дека во текот на јуни 2017 првопријавеното правно лице и второпријавениот како раководител на машинското одржување, при ставањето во употреба на наведената машина не постапиле во согласност со прописите од правилникот за користење рударско техничка опрема. Исто така, трето и четвртопријавениот како државни инспектори за геолошки и рударски надзор, во врска со наведениот настан не изготвиле решение за забрана за изведување работни активности со наведената машина и не презеле соодветни дејства за санкција на првопријавеното правно лице.