СВЕТРусија подготвена за преговори со Украина, но под одредени условиОбјавено пред 6 минути – 13 септември, 2019Од Макфакс
Русија е подготвена да присуствува на самитот во Париз за да се обиде да го обнови прекинатиот украински мировен процес, но има строги предуслови за продолжување на разговорите, изјави висок руски претставник.
Помошникот Јуриј Ушаков им рече на новинарите дека Русија во принцип е подготвена да учествува на еден ваков самит којшто би ги собрал лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија, а што беше првична идеја на францускиот претседател Емануел Макрон.
Но, Ушаков вели дека сè уште не е одреден датум и дека Москва има три предуслови пред да донесе одлука да присуствува.Ривалските вооружени сили во источна Украина треба да бидат раздвоени и треба да се договори социјалниот статус на регионот Донбас. Исто така, треба да има прелиминарен договор за заклучоците на самитот.
Киевските сили се борат со проруските сепаратисти во регионот Донбас во источна Украина од 2014 година во конфликт во кој загинаа повеќе од 13.000 лица. Борбите продолжуваат и покрај договорот за прекин на огнот.Ушаков рече дека не ја исклучува можноста да се одржи самит во октомври.