Седум лица загинаа, а 13 се ранети во југоисточна Турција во експлозија на рачно изработена бомба поставена на пат, при преминување возило со локални жители.
Нападот бил извршен синоќа во општината Кулп, во југоисточната турска област Дијарбекир.
Се претпоставува дека експлозивот го поставиле борците на Курдистанската работничка партија (ПКК).