Сити го загуби Лапорт за половина година

Манчестер Сити доби сериозен удар откако стана јасно дека Ајмерик Лапорт ќе биде аут од терените пет до шест месеци поради операција на коленото.

Дваесет и пет-годишниот играч се повреди за време на натпреварот против Брајтон и Пеп Гвардиола на крајот ја потврди сериозноста на неговата повреда за време на неговата прес-конференција.

– Ајмерик ќе биде далеку од терените долго време. Пет месеци или шест месеци. Тој ќе биде на линија во јануари или февруари следната година”, кратко изјави Гвардиола.

Па така ова е уште еден играч на тимот кој долго ќе отсуствува со сериозна повреда, откако и Лерој Сане се повреди порано и тој исто така се очекува да биде надвор од терените неколку месеци.

Треба да знаете
Последни објави