Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денес во неговиот кабинет имаше средба со амбасадорката на САД во земјата Н.Е. Кејт Мари Брнз.
Министерот Милевски ја запозна амбасадорката Брнз со работата на министерството како и за актуелните теми и тековни активности во самото министерство.
На средбата со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз министерот Милевски збореше и за значењето на помошта која и се нуди на нашата земја од страна на САД, кои непоштедно придонесуваат за развој на демократијата во РСМ , на политички и на економски план.
Министерот Милевски ја увери амбасадорката Брнз дека се залага за сестрана соработка со амбасадата на САД во РСМ и за размена на добри искуства и практики.