Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Иран сака средба со САД.
„Иран сака средба со нас“, изјави Трамп доцна синоќа пред да отпатува за Балтимор.
Тој не ја исклучи можната за олеснување на санкциите кон Техеран за да се отвори патот за средба со иранскиот претседател Хасан Рохани.
Неодамна Трамп изјави дека е можна средба, но иранскиот претседател ја условил со укинување на санкциите за Иран.
Тензиите меѓу двете земји се зголемија минатта година, откако САД се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа санкции за Техеран.