Ампутирана раката на Швеѓанец нападнат од крокодилот на Кастро

Крокодил кој некогаш му припаѓал на кубанскиот лидер, Фидел Кастро, каснал Швеѓанец, чија рака потоа била ампутирана.

На приватна забава, Ларс Лидергрен (79) ја ставил раката во стаклен базен со крокодил во зоолошката градина на островот Дјугарден во Стокхолм.

Крокодилот скокнал и го гризнал за рака, држејќи го околу 10 секунди, јавуваат шведските медиуми.

По нападот Лидергрен минал три недели во болница, а лекарите морале да му ја ампутираат раката над лактот.

Реткиот кубански крокодил е еден од двата што Кастро му ги дал на руски космонаут во 1978 година, а од московската зоолошка биле испратени во Стокхолм во 1981 година.

Треба да знаете
Последни објави