Во Мостар е отворен ресторанот „Лонато“ како дел од Центарот за деца и млади Los Rosales, во кој ќе работат лица со посебни потреби. Ресторанот е отворен со цел да ги прифати младите со посебни потреби и да ги вклучи во секој сегмент од животот, односно преку нивната работа да си обезбедат подобри услови за иднината.
Во ресторанот ќе бидат вработени шест лица, како и двајца келнери и еден готвач со инвалидитет. Ако луѓето го препознаат квалитетот на нивната работа, тоа може да им даде нови можности, велат од Центарот Los Rosales.