Голф прегази жена во Штип

На 12.09.2019 во 10.45 часот на крстосница од улиците „Партизанска“ и „Ванчо Китанов“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(19) од с.Таринци, општина Карбинци, удрило во пешакот М.М.(59) од Штип. М.М. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Треба да знаете
Последни објави