Астероид со големина од 370 метри ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од околу пет милиони километри в сабота навечер, соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА).
Астероидот ќе биде видлив од Земјата, но не претставува закана за луѓето, рече Детлеф Кошчни од ЕСА, организација составена од 22 земји-членки на Европска Унија, посветена на истражување на Вселената.
– Астероидите што летаат во орбитата на Месечината, 400 000 километри оддалеченост од Земјата – се интересни за нас, истакна Кошчни.
Тоа што е невообичаено за тој астероид е неговата големина. Од 880 астероиди следени од Агенцијата, тој е меѓу првите 20 по дијаметар.