Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во текот на овој месец очекува средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски очекува и мировни преговори за решавање на судирот со Русија во источен Донбас.
-Средбата со Транп најверојатно ќе се случи наскоро, рече Зеленски кој годинава победи на претседателските избори со ветување дека ќе воспостави мир во регионот на Донбас, пренесуваат британските медиуми.
На прашањето за потенцијалното распоредување мировни сили во Донбас, тој кажа дека не сака таа област да стане како отцепениот моладависки регион Трансдњестар, во кој постојано се стационирани руски сили.
Според официјалните податоци, во досегашниот судир меѓу украинските и проруските сепаратистички сили погинале повеќе од 13.000 лица.