Општина Кисела Вода работејќи во насока на подобрување на условите и грижејќи се за децата со посебни потреби во општинските основни училишта, во соработка со УНДП, во рамки на програмата Општинско – корисна работа 2019, петта година по ред успешно реализира проект за избор на образовни лични асистенти.
Во рамки на проектот „Учиме, се воспитуваме, другаруваме” во текот на оваа учебна година, 30 образовни асистенти ќе им помагаат на учениците со потешкотии при усвојувањето на наставната програма.
Од вкупно ангажираните асистенти, Општина Кисела Вода обезбеди средства за 10, а за останатите 20 средствата се обезбедени од страна на УНДП.
Градоначалникот Филип Темелковски денеска во просториите на Општината, на потпишувањето на договорите за работа оствари средба со дел од образовните асистенти и им посака успешна работа.