СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева.
Покрај тоа што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред разрешување на осомничената Катица Јанева, таква седница се уште нема.
Согласно извештајот на Советот за јавни обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Катица Јанева досега требаше и мораше да биде разрешена. Собранието е должно да постапи врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители и по предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувања и да го утврди предлогот за разрешување во најкраток можен рок.
Секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот.
Намсто да биде разрешена, осомничената Катица Јанева сеуште дава наредби од притвор.
Повеќе од очигледна е намерата на парламентарното мнозинство и Зоран Заев да ја заштитат Катица Јанева од разрешување. Бидејќи со штитење на Катица Јанева се штитат самите себеси.
СДСМ и Зоран Заев од ден на ден се повеќе и повеќе тонат во своите криминали.
СДСМ и Зоран Заев се плашат да ја разрешат Катица Јанева.
Во медимуите секојдневно има нови информаци за вмешаноста на високи партиски функционери на СДСМ во најголемата криминално-рекетарска афера „Рекет”.
Тоа е и причината зошто Катица Јанева сеуште не е разрешена.
Намерата на СДСМ и Зоран Заев е Катица Јанева да не биде разрешена, за незаконско, нестручно и нсовесно работење туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот.
Планот за спас на Катица Јанева нема да успее. СДСМ и Зоран Заев купуваат време, но не може вечно да ја штитат Катица Јанева.
Уште еднаш апелираме до пратениците од парламентарното мнозиснтво да престанат со купување на време и со тактизирање и веднаш да биде разрешена осмничената Катица Јанева со цел да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител.