На 12.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 46 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач – почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози, а 57 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.