Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше на работен состанок со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски. На состанокот министерот Димковски и градоначалникот Бочварски, разговараа за превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума.
Општина Штип, активно е вклучена во спроведување на мерките за превенција и справување со африканската свинска чума, конкретно во делот на движењето на домашните свињи надвор од фармите и контролите што се спроведуваат на депонијата.
Министерот Димковски, посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе низа превентивни мерки за спречување на ширењето на оваа болест.
„ Би сакал да нагласам дека сите превентивни мерки што ги преземаме се за намалување на ризикот од африканска свинска чума, со градоначалникот Бочварски и со ветеринарната стануца тука во Штип ги разгледавме сите мерки кои ги преземавме ние како министерство, затоа што секако, први кои би се соочиле со оваа болест се ветеринарните амбуланти и локалната самоуправа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе ја подготви програмата со која од 1 семптември до 15 октомври сточарите кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат парична сума од 3 илјади денари по глава. “, изјави министерот Димковски.
Градоначалникот на општина Штип, Бочварски посочи дека се спроведуваат интензивни контроли за движење на домашните свињи надвор од фармите, на дивите одгледувалишта како и на депонијата.
„Општина Штип е во комуникација со Владата, постапуваме соодветно преку нашите служби и работиме на се што установивме како проблем на нашата депонија и на диви одгледувалишта на свињи. Општина Штип аплицираше, како и другите општини, за оваа депонија да биде современа со што ќе се сведат на минимум можности за појава на болеста африканска свинска чума “, изјави Бочварски
Во рамки на посетата на општина Штип, Димковски и Бочварски ја посетија и ветеринарната станица, каде што се разговараше за вклученоста на ветеринарните доктори во спроведување на превентивните мерки.
Во месец јули, оваа година, беше донесено решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита односно дива свиња. Со ова решение ловната сезона започна 60 дена пред законскиот рок. Целта на ова решение е да се намали густината на популациите на дивите свињи, со што ќе се намали и ризикот за појава и ширење на оваа заразна болест во Република Северна Македонија.Се воведе забрана за држење на свињи на отворено, зајакнати контроли на граничните премини од страна на Царинската управа во однос на проверка на личен багаж одземање на производи од животнско потекло.Заради депопулација на питомите свињи од одгледувалиштата кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки, министерството преку Програмата за финансиска помош воведе мерка за поддршка во висина од 50 евра по грло свиња.