Полицијата поднесе пријава против кумановец кој на Фејсбук му се заканувал на вработен во секторот за внатрешни работи. СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н.(18) од Куманово поради „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 13.08.2019 на социјалната мрежа Фејсбук од неговиот профил упатил закани и навреди кон полициски службеник.