Во Недела, на 15-ти септември, со почеток во 15.00 часот како дел од активностите кои се предвидени по повод годишнината од смртта на г-динот Благој Истатов, ЖФК СЦ Истатов ќе одигра пријателски меѓународен натпревар против ЖФК ПАОК од Солун-Р.Грција.
По завршувањето на натпреварот во Спортскиот центар „Истатов“ во 17.30 часот ќе биде откриена и спомен плоча за Благој Истатов – подарок од Асоцијацијата на спортските новинари на Југоисточна Европа, Фудбалската федерација на Македонија, АМС и МОК и емитуван документарниот филм „Сонце во човекот“ кој е посветен на неговиот живот, а создаден од еден од најголемите негови пријатели, доајенот на македонското спортско новинарство, г-динот Бошко Трпевски.
ЖФК СЦ Истатов и фамилијата Истатови ги покануваат сите луѓе почитувачи на ликот и делото на Благој Истатов да дојдат и сите заедно да се потсетиме на нашиот шеф и му оддадеме почит каква што тој ја заслужува.