Димовски: Јанева ја злоупотреби функцијата и од „Шутка“

„Десет мои колеги од левата страна во оваа сала беа изложени на класични директни уцени од страна на СЈО и од правосудните органи за да влијаат на нивно одлучување во изминатите две години“ рече Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, претседател на Комисјата за избори и именувања на собраниската седница на која беше разрешена Специјлната јавна обвинителка Катица Јанева.

Димовски поради тајноста на Извештајот што го добиле од Советот на обвинители, не изнесе детали, само кажа дека Јанева треба да биде разрешена. Димовски рече и дека не смее да се прифати писмото што Јанева го испратила од Шутка затоа што тоа било без потпис, печат и било напишано со различни ракописи.Според него Јанева продолжува да ја злоупотребува функцијата и од „Шутка“.

-Секој правен експеримент, секое правно лудило завршува вака и она што се обидувате да го направите деновиве ќе заврши исто вака. Секогаш кога државата не се држи до Уставот, кога Собранието носи неуставни Закони, вклучително и јас, кога Уставниот суд се прави дека не добил претставка  и не се реагира дека СЈО излегува од уставните рамки ќе завршува вака со помали или многу големи последици по кревкото ткиво на правниот систем“ рече Илија Димовски .

Префрлувањето на предметите од СЈО во Јавното обвинителство за Димовски е исто така„правно лудило, правна забеганост и експеримент“.

 

Треба да знаете
Последни објави