Кокошков ќе го замени Ѓорѓевиќ на селекторската позиција кај Србија

Кошаркарската репрезентација на Србија не ја оправда фаворитската улога на мундобаскетот во Кина каде преостанаа да се одиграат мечевите за распределба на медалите, па повеќе од јасно е дека ќе дојде до смена на селекторската позиција кај северниот сосед. Поради пласманот на петтата позиција од селкторската фотелја ќе замине Александар Ѓорѓевиќ, а според медиумите во Србија него ќе го наследи актуелниот асистент во Сакраменто Кингс, Игор Кокошков.

Кокошков со селекцијата на Словенија го освои златниот медал на Европското првенство во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави