Советот на јавни обвинители ја почна вонредната седница на која разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е единствена точка на дневиот ред.
Претходно денеска Собранието на Република Северна Македонија во рамките на 112-тата седница ја разреши специјалната јавна обвинитеклка Јанева со 102 гласа „за” без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за” и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство. Веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители.
На седницата на Советот на јавни обвинители се присутни осум од вкупно 11. членови на Советот. За да донесат валидна одлуката сите треба да гласаат за разрешување на Јанева.
Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет”, истекува утре, 15 септември.