Вардар со победа ја отвори новата сезона. Исто како лани на гостувањето кај Монпеље славеше со 31-33 (17-16) во првото коло од Лигата на шампионите.
И во право беше тренерот на домашниот тим, Вардар е како планина, треба да ја разнишаш, а потоа да ја урнеш, но ова не им тргна од рака.
Скубе, главниот виновник за триумфот на Вардар со осум погодоци беше прв стрелец, Дибиров имаше шест гола, Шишкарев го заврши мечот со пет погодоци. Гедбан осум интервенции, само една помалку од Шего.
Монпеље ја имаше доминацијата во поголем дел во првите 30. минути.
На полувремето беше 17-16.
Гедбан во вистинско време се врати на мрежата, по голот на Дибиров, запиша интервенција, Калараш на другата страна израмни на 29-29 на пет минути до крајот. Нова одбрана на Алжирецот им даде крила на соиграчите, па „црвено-црните“ имаа плус два 29-31.
По две исклучувања на двете страни настана вистински хаос на теренот. Скубе постигна гол во вистинско време, го отвори патот, на другата страна Монпеље не реализираше.
Вардар во наредното коло од Лигата на шампионите ќе игра дома против Порто.