Во финалето на 18. Светско првенство во кошарка кое се одржува во Кина, утре (14 ч.) ќе играат Шпанија и Аргентина. За двете селекции ова ќе биде прилика по вторпат да се закитат со златен медал од мундобаскетите.
Шпанија во неизвесен и драматичен меч со две продолженија од по пет минути усепја да ја совлада Австралија со 95-88, додека Аргентина полесно преку Франција (80:66) стаса до битката за златото.
Шпанија победи на СП во 2006 година во Јапонија, а Аргентина има злато од првото СП во 1950 година.
Во натпревар за третото место утре од 10 часот ќе играат Австралија и Франција.