Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе на фудбалски стадион за да гледа натпревар. Таа се запалила откако сфатила дека може да помине шест месеци во затвор поради направениот прекршок.

Старотната смрт на 29-годишната Сахар Кодајари, која се запали откако беше приведена, ги шокираше иранските власти и јавноста. Веста доаѓа во период кога ФИФА работи со иранските власти да се укине за забраната за жени за следење на спортски напревави на стадионите, којашто е на сила 1979 година.

ФИФА сака прашањето да се реши пред 10 октомври, кога Иран – најдобро рангираната екипа во Азија – е домаќин на својот прв квалификациски натпревар за Светскиот куп против Камбоџа.

Иранката Кодајари починала во понеделникот во болницата во Техеран откако претрпе изгореници на 90 проценти од нејзиното тело. Таа била на респиратор откако се полеала со бензин пред судот во Техеран на 2 септември.

Треба да знаете
Последни објави