Кошаркарската репрезентација на Србија не ја оправда фаворитската улога на мундобаскетот во Кина каде преостанаа да се одиграат мечевите за распределба на медалите, па повеќе од јасно е дека ќе дојде до смена на селекторската позиција кај северниот сосед. Поради пласманот на петтата позиција од селкторската фотелја ќе замине Александар Ѓорѓевиќ, а според медиумите во Србија него ќе го наследи актуелниот асистент во Сакраменто Кингс, Игор Кокошков.
Кокошков со селекцијата на Словенија го освои златниот медал на Европското првенство во 2017 година.