Пилотот во Формула 2, Хуан Мануел Кореа, останува во вештачка кома во болница во Лондон, но неговите витални знаци покажуваат подобрување, откриле родителите на Американецот со еквадорски корени.
Кореа доживеа исклучително сериозен инцидент на белгиската „Спа” на 31 август, што доведе до смрт на уште еден француски пилот, Французинот Антоан Убер. Кореа беше ставен во вештачка кома за да се овозможи на неговите бели дробови, кои биле оштетени по несреќата, да се опорават.
– Инфекциите на Хуан Мануел се под контрола, а респираторните индикатори остануваат стабилни. Сите витални знаци се исто така стабилни. Лекарите продолжуваат да ги следат отворените рани и уште еднаш потврдуваат дека добиените повреди се многу тешки. Нови операции ќе се изврши откако белите дробови на Хуан Мануел тоа ќе го дозволат, соопшти семејството на Кореа во петокот вечерта.
Пилотот претрпел четиричасовна операција на нозете во белгискиот град Лиеж во близина на „Спа”. Меѓутоа, кога бил пренесен во Лондон, имал потешкотии при дишењето, што довело до негово ставање во кома.