По двата порази од Финска и Турција на премиерниот настап во групата Ц од завршницата на ЕП, Македонија поладнево (17.30 ч.) во Љубљана ќе му излезе на мегдан на актуелниот европски шампион, Русија без шанси да приреди изненадување.
Пред овој трет настап и македонските одбојкари се рални. Не му се закануваат на одбојкарскиот џин, но ќе ја искористат ретката прилика со максимална мотивација да пружат максимум и да акумулираат искуство од ваквите средби. Русите како бранител на златниот медал на ова Европско првенство, може да се пофали и со триумф на континеталниот собир и во 2013 година, како и на Олимписките игри во Лондон во 2012.
Русија е наследникот на поранешната селекција на Советскиот сојуз, кој има освоено во својата богата ризница со меадли вкупно 14 европски, шест светски и четири олимписки злата.
Русија на ова ЕП се загреваше со победи против Белорусија и Турција на кои им препушти по еден сет.