Пилотот на Јамаха, Маверик Вињалес ја освои пол-позицијата за утрешното Гран-при на Сан Марино на патеката „Мизано”.
Шпанецот се справи со изненадувањето Пол Еспергаро и талентираниот Французин Фабио Куартараро.
Вињалес ја освои втората пол-позиција за годината и прва од првата трка сезонава во Катар.
Шампионот Марк Маркез со Хонда ќе стартува од петтото место, што е негова најлоша стартна позиција оваа година.
Од четвртата позиција до Маркез ќе тргне Франко Морбидели со Јамаха.
За шестото место стартот се избори Андреа Довиосио со Дукати, а по него следат Роси со последната Јамаха. Колегата на Дови, Данило Петручи, ќе стартува едвај 17-ти.
Јоан Жарко со вториот мотор КТМ и двојката на Сузуки – Алекс Ринс и Жоан Мир ги комплетираа топ 10.
Квалификациите ги пропушти пилотот од Априлија, Андреа Јаноне, кој беше однесен во Медицинскиот центар „Мизано” по неговиот пад на тренинг сесијата.