Норвич го шокираше шампионот Манчестер Сити и забележа сензационална победа од 3:2 на нивниот „Кероу Роуд” во натпревар од 5. коло во Премиер лигата.
Гостите беа катастрофални во одбраната и логично екипата на Пеп Гвардиола дозволи три гола.
Меклин и Кантвел им дадоа предност на домашните од два гола, откако беа прецизни во 18-тата и 28-та минута, но Сити успеа да намали со голот на Агуеро уште на самиот крај на првото полувреме.
Сепак, Пуки ја врати предноста од два гола на „канаринците” во 50-тата минута, но Родри со гол во 89-тата минута им даде надеж на навивачите на граѓаните дека можат да извлечат бод овва гостување, но домашните издржаа до крајот и забележаа голем триумф.
Тоа е прв пораз на Сити во сезоната, а тимот е втор со 10 поени, додека Норвич е на 12-тата позиција со 6.