Министерот за култура, Хусни Исмаили, во Битола каде што оствари работна посета на институциите од областа на културата во овој град.
На неговата агенда беа Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“, Народниот театар, Центарот за култура, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и НУ Музеј на албанската азбука, при што минисерот се запозна со реализираните активности, но и со проектите што се реализираат.
Како што информираат од ресорното министерство, на средбата со директорите во овие институции, Исмаили истакнал дека во рамки на годишните конкурси континуирано се дава поддршка за реализација на повеќе проекти од сите дејности од областа на културата – драмската, музичката, ликовната, фолклорната, музејската и заштитата на културното наследство.
Во рамките на министерската посета на Битола една од темите била и проектот за конзервација на црквата Свети Ѓорѓи во селото Курбиново. Меѓу фреските во оваа црква е и Ангелот на благовештанието Гаврил, кој е пресликан на банкнотите од 50 денари.
Од министерството информираат дека во однос на оваа црква, надлежната установа Завод и Музеј Битола работи на финалниот извештај од сите предвидени и преземени истражувања и финално конципирање на предлог-проектната програма и финализирање на Проектот за конзервација.
Министерот за култура го посетил и Сарајот во Ресен, кој претставува еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во нашата земја.
Денес зградата на Сарајот е Дом на културата „Драги Тозија“ и во него се сместени постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија.