Да се чуе гласот на индивидуата, одлуките да се носат по пат на директно или репрезентативно вклучување на граѓаните, да се почитува туѓото мислење, да се слуша и прифаќа критиката – тоа е демократијата!
Во името на овие вредности и принципи и во името на борбата на граѓаните на нашата земја за подемократско општество, го честитам Меѓународниот ден на демократијата.
Демократијата долго страдаше во Северна Македонија. Слободата, мислата, новинарството и одлучувањето на граѓаните без притисок беа незамисливи. Ама се изборивме, заедно создадовме мнозинство преку кое демократијата ја надвладеа автократијата
Нека е вечна слободата, преку неа ќе ја унапредиме и демократијата, напиша на својот фејсбук профил премиерот.