Полициски службеници од СВР Тетово, вчера во 21:05 часот на улицата „29 Ноември” во Тетово ги лишиле од слобода С.С.(31) и Е.Б.(28), двајцата од село Боговиње, тетовско, поради тоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.