Економската заедница на земјите од Западна Африка (ЦЕДЕАО) соопшти дека усвоила план за борба против џихадистите за периодот од 2020 до 2024 година, вреден милијарда долари. Овој план ЦЕДЕАО, проширен со Мавританија и Чад, го донесе на денеска оддржаниот вонреден самит во Буркина Фасо.
Заедницата одлучи да „мобилизира финансики ресурси во износ од милијарда долари за борба против тероризмот”, изјави нигерискиот претседател Махамад Исофу.
Планот и буџетот за него ќе бидат претставени на следниот самит на Економската заедница на земјите од Западна Африка во декември, а парите ставени во заедничката каса ќе бидат користени посебно за „засилување на операбилната способност на националните армии и заедничките сили”.