Сопругата на поранешниот туниски претседател, Бежи Каид Есебси, почина денес, кога Тунижаните го избираат неговиот наследник на претседателски избори, помалку од два месеци по неговата смрт.
Кадлија Фархат, вдовица на Есебси, починал на 83-годишна возраст, објави „Хина“.
На изборите во Тунис нема убедлив фаворит, а главното прашање со кое се соочува земјата се економските проблеми, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Тунижаните пред осум години со револуција ја симнаа автократската власт, која подоцна ги инспирира и граѓаните на Египет, Јемен, Бахреин, Либија и Сирија, потестува агенцијата.
Вниманието на меѓународната јавност, посебно на арапските земји, е насочена кон умерената исламистичка партија „Енахда“. Туниската јавност со внимание ја следи и судбината на медиумскиот могул Накиб Каруи, претседателски кандидат кој се наоѓа во затвор заради обвинение за перење пари и затајување данок, што тој го негира.
Меѓу 26-те кандидати за претседател се и актуелниот премиер Јусеф Чахед, како и двајца поранешни премиери и претседател.
Доколку никој од кандидатите не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, ќе се оддржи и втор круг од гласање.