– Марк Гасол освои уште еден трофеј со Шпанија, а тежината на титулата од СП 2019 година е секако многу поголема бидејќи „фуријата” не беа посочени како главен фаворит за конечна победа.
Помалиот од браќата, Гасол, исто така, триумфираше како НБА шампион со тимот на Торонто, а по денешната победа над Аргентина, навести дека најверојатно ова ќе биде неговиот последен Светски шампионат со тимот на својата земја.
– Јас сум многу среќен. Благослов е што сум во оваа позиција. Сонцето повторно ќе изгрее, земјата ќе продолжи да ротира, но ние веќе сме светски шампиони. Не можам да дадам ветувања во оваа фаза од мојата кариера. Посакувам да можам да играм повеќе, се надевам, но не ветувам ништо. Не може да се исклучи ова да е мое последно Светско првенство, рече тој како одговор на прашањето во врска со неговата иднина во селекцијата на земјата.
Марк ќе има 35 години на Олимписките игри во Токио следната година. Доколку остане во составот до Светското во 2023 година, тој ќе има 38 години.