Повеќе инциденти се регистирани пред одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, а според тамошните медиуми приведени се и четири лица кои се судриле со полицијата.
Како што јавуваат медиумите, група екстремни десничари веќе неколку часа го блокираат центарот на градот, поточно аголот на улицата Принц Милош и булеварот на Крал Александар, обидувајќи се да ја спречат Парадата на гордоста чиишто учесници треба да поминат низ Кнез Милош.
Околу 16 часот, тие се судриле со припадниците на полицијата, коишто се обиделе да ги поттиснат од блокадите. Четири лица се приведени, јавува ,,Блиц”.
Екстремистите претходно се позиционираа на местото каде што треба да се одржи Парадата на гордоста. Сепак, трасата на парадата, нема да биде променета, без оглед на блокадата.
Судирот меѓу екстремистите и полицијата настанал кога тие се обиделе да ги пресретнат учесниците на парадата, што било спречено од припадниците на безбедносните сили. Како знак на револт, екстремистите легнале на сред улица.
Друга група екстремисти се обиделе да избегаат во правец на црквата Свети Марко за да се сретнат со учесниците на ,,Прајдот”, но полицијата физички ги спречила тоа, по што следеле нови инциденти.