„Ти си најдобриот сопруг на светот“: Меган Маркл со емотивна порака му го честиташе роденденот на принцот Хари

Принцот Хари денес полни 35 години, а на официјалниот „Инстаграм“ профил на војвотката и војводата се појави фотографија со емотивна порака.

„Ти си најдобар сопруг и неверојатен татко на нашето дете. Те сакаме. Ти посакуваме најсреќен роденден“ порача Меган.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Иако често во британските медиуми се појавија написи дека нивниот брак е во криза, тие овие пишувања ги демантираа со заеднички појавувања на јавни настани.

ФОТО: ГУЛИВЕР ГЕТИ ИМАГЕС

За потсетување, во март оваа година Меган и Хари станаа родители на нивниото прво дете, синот Арчи.

Треба да знаете
Последни објави