Арсовски: Заев наредува, Нина Ангеловска спроведува

Зоран Заев наредува, Нина Ангеловска спроведува. Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска во вторник ќе потпише ново задолжување, по нарачка на Зоран Заев овојпат во висина од нови најмалку 61,7 милиони евра.

Со тоа Нина Ангеловска ќе ја превземе улогата на спроведувач на погубните економски политики на Заев со кои државата забрзано се задолжува, а притоа нема никаков ефект врз стандардот на граѓаните, нема ефект врз економијата и стопанството кои се повеќе од ден на ден пропаѓаат.

Оваа нова аукција на државни хартии од вредност во износ од најмалку 61,7 милиони евра доаѓа во време кога реализацијата на капиталните инвестиции изнесува рекордно ниски 24,5% заклучно со месец јули, кога износот на странски директни инвестиции за 6 месеци е мизерни 48,7 милиони евра, кога бројот на вработени во индустријата драстично опаѓа и кога над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштијата,кога германските стопанственици не оценуваат со оценка НУЛА.

За што се трошат овие пари со кои секој месец владата на Зоран Заев не задолжува?

Јавниот долг надмина 5 милијарди евра и драматично руши рекорди односно ја руши границата од  над 50% од БДП, а Владата не престанува да ги задолжува идните генерации без јасна стратегија и без јасен план што потоа. Парите од буџетот гледаме дека се трошат на партиски вработувања, на сомнителни и коруптивни јавни набавки, на лубриканти, цвеќиња, службени возила или пак мебел. Друг ефект од задолжувањето нема и не гледаме.

Министерката Ангеловска и Заев треба да сфатат дека народните пари не се купони за попуст со кој може да купат еднодневен социјален мир или начин како да се искупат за криминалот во кој од ден на ден оваа Влада се повеќе и повеќе навлегува.

Ненародното трошење на парите од типот купи ден помини нема да донесе никаков развој на Македонија или пак да донесе одржлив раст на стандардот на граѓанинот, туку  ќе донесе само единствено ќар за тесното раководство на СДСМ чии фирми цветаат во време кога севкупната економија пропаѓа во државата.

Со ваквото недомаќинско работење сме на дното во Европа по раст и затоа граѓаните не гледаат перспектива во Република Македонија.

Затоа Македонија се празни, додека џебовите на власта секој ден  се повеќе се полнат.

 

 

 

Полните автобуси на граѓани кои заминуваат од државата со карта во еден правец е доказ за погрешните економски политики на оваа власт и стравот дека расипништвото на групата околу Зоран Заев ќе треба да го плаќаат тие и нивните поколенија лично од својот џеб

Треба да знаете
Последни објави