Неколку стотици членови на бајкерската група „Ангели на пеколот“ од цела Германија протестираат во Берлин против забраната на владата за јавно прикажување на логото на групата.
Мотоциклистите се собрани кај Бранденбуршката порта и многумина од нив носат маички на кои пишува „Слободата е наша религија.
Ankunft am Brandenburger Tor.@bzberlin pic.twitter.com/3FEAEI07Sw
— Axel Lier ✏️ (@Reporter_Flash) September 14, 2019
„Има луѓе во оваа земја кои сакаат да ја ограничат нашата слобода заради она што го нарекуваат безбедност, но едноставно го добиваат спротивното“, рече претседателот на клубот, Андре Сомер.
Според законот донесен од германскиот сојузен парламент во 2017 година, на „Ангелите на пеколот“ не им е дозволено да ја носат својата клупска значка „главата на смртта“, односно череп со запален шлем.
Полицијата соопшти дека протестот започнал без инциденти.