Жена од Русија за чудо останала неповредена после речиси истовремен удар на два грома во нејзиниот џип.
Спектакуларниот “огномет“ на патот го снимила камерата на возилото кое се движело позадо неа, додека се доближувале кон семафорот во Новобирск. Моторот на „Тојотата“ моментално застанал, а без оглед на силниот удар и “пукањето искри“, возилото не се запалило.
„На момент ослепев и силно го зграпчив воланот. Сè беше толку брзо“, ја раскажала траумата Галина Ешерова, која била во возилото позади.
Никој од возачите околу неа не застанал после ударот, но за среќа ниту патниците ниту жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крајот го кренала шлепер служба.