Пеповска: Говорот на омраза и шовинизмот не е изолиран инцидент во ВМРО ДПМНЕ

Говорот на омраза и шовинизмот на Наум Стоилковски не беше изолиран инцидент во ВМРО-ДПМНЕ, порачува Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е западната во шовинистичка матрица. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ги впрегна порталите блиски до неа да сеат шовинизам, родова, сексистичка омраза и да поттикнуваат насилство кон жените.

Како Форум на жени на СДСМ остро го осудуваме говорот на омраза и сексизмот на Љупчо Златев насочен кон обвинителката Фатиме Фетаи и кон советничката во Министерството за финансии, Ана Марија Макеска. Очигледно е дека ваквите написи се поттикнати од шовинистичката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Има ли ВМРО-ДПМНЕ образ? Има ли ВМРО-ДПМНЕ Унија на жени која ќе го осуди ваквиот говор и ќе застане зад правата на жената? Ги повикуваме ЗНМ, но истовремено и Христијан Мицкоски да излезат и да го осудат говорот на омраза и шовинизмот.

Почитувани,

СДСМ останува посветена на градење концепт на едно општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски. Во Република Северна Македонија не смее и нема да има простор за дискриминација, шовинизам  и омаловажување на жените.

 

линк до видео: https://youtu.be/f-hLFmxHffI

Треба да знаете
Последни објави