Македонските фудбалски интернационалци имаа забележителни настапи за своите тимови изминатиов викенд. Искусниот репрезентативен напаѓач Иван Тричковски ја одигра главната ролја на дуелот меѓу АЕК Ларнака и Омонија во кипарското првенство. Тричко кој од почетокот на сезоната е во гол-форма, продолжи да ги тресе мрежите. Постигна два нови гола, овојпат со удар од белата точка, но на загревањето при изведувањето на пеналите првиот не го реализира, но не се разочара и потоа погоди два. Средбата заврши без победник 2:2.
Со овие два гола Тричковски стаса до четири првенствени гола по три одиграни кола. Со настапите во европските купови македонскиот напаѓач има постигнато девет голови во дресот на АЕК на почетокот на новата сезона.
На Кипар во листата на стрелците се запиша и поранешниот повремен македонски репрезентативец Јован Костовски кој го постигна својот прв гол за Етникос Ахна на гостувањето кај Докса, во „ремито“ 1:1. На овој дуел настапија и голманот Мартин Богатинов и бранителот Бојан Маркоски за Етникос, а во тимот на Докса играше Душко Трајчевски.
Деби настап во израелски Хапоел Тел Авив имаше Стефан Спировски. Не постигна гол, но имаше асистенција со која неговиот тим поведе против Нес Циона (1:1).
Неубава вест стигна од Риека, каде настапувајќи за истоимениот хрватски прволигаш на дербито со Хајдук повторно се повреди репрезентативец Дарко Велковски и во 17 минута го напушти теренот. Станува збор за повреда на задната ложа.
Т