Стевчо Јакимовски, поранешниот градоначалник на Општина Карпош, излезе од куќен притвор. Минатата недела судија на претходна постапкаму ја укинал на Јакимовски мерката куќен притвор и му одредил мерки на претпазливост, по предлог на надлежен јавен обвинител кој побарал ублажување на мерката.
Судот му одреди мерка куќен притвор на Јакимовски во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата Илинденска.