Помал авион, во кој биле сместени локални колумбиски претставници, се урна врз куќа набргу по полетувањето, при што загинаа седум лица, додека двајца преживеаја.
Двомоторниот авион „ПА31“ се урнал врз една куќа во неделата во градот Попајан, неколку минути по полетувањето.
Според АП, девет локални претставници биле во авионот, а две лица ја преживеале несреќата.
Причината за падот на авионите засега е непозната.