На 15.09.2019 околу 12.05 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа на ул.„Стрчин“ во Битола бил пронајден починат Т.В.(49).
Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.