Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, што се бори против движењето Хути во Јемен, објави дека нападот врз саудиските нафтени посторојки е извршен со иранско оружје и не потекнува од Јемен.
Тоа се резултатите од прелиминарната истрага објавена од портпаролот на коалицијата, Турки ел Малки, на прес-конференција во Ријад.
Тој рече дека истрагата за нападот, за кој одговорност презедоа Хутите, се уште трае, и дека властите се обидуваат да утврдат од каде е извршен нападот.
Два дена по нападот врз нафтените постројки на „Сауди Арамко”, светските економски и политички лидери разговараат за импликациите за несигурниот нафтен пазар и како ќе се развива ситуацијата откако САД тврдат дека Иран стои зад нападот, а не Хутите кои презедоа одговорност.
САД објавија сателитски слики, како и тврдења од разузнавачки извори дека Иран е виновен за напади врз саудиските нафтени постројки, јави Би-Би-Си.