Нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко” во Саудиска Арабија претставуваат вистинска закана за регионалната безбедност, соопшти Европската унија.
– Во време кога тензиите се високи, овој напад ги поткопува тековните напори за деескалација и дијалог, стои во соопштението во кое се изразува жалење кон саудиските власти и народ.
ЕУ укажува дека е многу важно да се утврдат фактите и одговорноста за тој „срамотен чин”.
– Во исто време Европската унија го повторува својот повик за максимална воздржаност и деескалација, се додава во соопштението потпишано од портпаролката Маја Коцијанчиќ.
Нападот на двете нафтени постројки во Саудијска Арабија влијаеше на глобалното снабдување со нафта и го преполови производството на нафта на Саудиска Арабија. Одоговорност за нападот презедеоа јеменските шиитски бунтовници Хути.