Ласовска: Говорот на омраза и навредите од страна на функционери и новинари блиски до Заев не престануваат

Говорот на омраза и навредите од страна на функционери и новинари блиски до Зоран Заев и СДСМ не престануваат.

Тоа е повеќе од јасно откако видовме дека ниту невладините организации, ниту некој од функционерите на СДСМ се огради од навредите на Златко Ориѓански кој токму од Заев беше поставен да ја претставува македонската култура во Тирана.

Почитувани,

СДСМ и новинарите кои ја поддржуваат политиката на Заев, не запираат со мизогинија и говорот на омраза, па така Бранко Тричковски, полтронот на Заев во денешниот свој фејсбук статус со неговиот валкан политички речник ги вмешува децата на претседателот Христијан Мицкоски во политичка  пресметка.

Зоран Заев, Бранко Тричковски и СДСМ одамна се разминале со  моралот и со етиката. Власта не бира средства, па навредува и деца и фамилии.

Ова лудило од страна СДСМ мора да запре и сите заедно да го осудиме ваквото однесување.

Треба да знаете
Последни објави